Шефот на чешката дипломатија Томаш Петшичек соопшти по состанокот дека државниот врв се договорил дека тоа прашање не е на дневниот ред.
„Се договоривме дека прашањето за повлекување на признавањето е неумесно. Ситуацијата не се промени за Чешка да го менува ставот кој го застапува во последните десет години“, им кажа тој на новинарите по состанокот на државниот врв.
Претседателот Земан, претседателот на Пратеничкиот дом на чешкиот парламент Радек Вондрачек и претседателот на Сенатот Јарослав Кубера се сложија денес околу предлогот на Земан дека историските околности на чешкото признавање на Ксоово во 2008 биле проблематични, но дека тоа не смета Чешка со Косово да развива билатерални однори.
Од состанокот на кој подоцна му се приклучија и министрите за надворешни работи, внатрешни работи и одбрана, на Србија и Косово им беше упатен повик да ги подобрат заемните односи и да ги отстранат бариерите за меѓусебна трговија во рамки на ЦЕФТА, а чешкиот државен врв предупреди дека без решавање на косовското прашање нема да може да се доврши интеграцијата на западниот Балкан во Европската Унија.
Претседателот на Чешка Милош Земан ја објави иницијативата Чешка да го повлече признавањето на Косово за време на посетата на белград кон средината на септември, а по враќањето во Прага кажа дека секоја грешка може да се поправи, а дека тој само ќе поднесе предлог да се повлече признавањето на Косово на денешното неформално советување на државниот врв за надворешната политика.