„НАТО не го исполни ветувањето дека ќе бомабрдира само воени цели“

Земан: Не ги пратив јас бомбардерите на Белград

Претседателот на Чешка Милош Земан ги отфрли обвинувањата дека тој како премиер на земјата ги испратил бомбардерите на НАТО кон Белград и кон Србија поради Косово.

Тој во разговор за телевизија Блеск потсети дека Чешка последна даде согласност за бомбардирањето на СР Југославија и тоа под услов да се бомбардираат само воени цели.

„Како прво, јас на нив не ги испратив бомбардерите“, одговори Земан на прашање на еден гледач дали при посетата на Белград минатата недела им се извинил на Србите за тоа што на нив испратил бомбардери за да убиваат цивили, да уништуваат инфраструктура и да бомбардираат болници.

„Ги испрати командата на НАТО, но вистина е дека беше потребна согласност од сите земји членки. Ние тогаш бевме членка на НАТО околу три недели. И бидејќи никој не ни се придружи, ние бевме последните, повторувам последните, длабоко по полноќ, кои се колебаа дали да го дадат гласот“, потсети чешкиот претседател како во 1999 година тој како премиер одлучувал дали да ја одобри операцијата на НАТО или да стави вето на неа.

Земан денес потсети дека НАТО пред операцијата во Србија уверувал дека ќе бомбардира исклучиво воени цели.

„Можам да констатирам дека тоа ветување не беше исполнето“, кажа Земан за ТВ Блеск.

Улогата на Земан, тогашен премиер на Чешка, во бомбардирањето на Југославија откако реши да не стави вето иако остро против бомбардирањето беа некои министри во чешката влада повторно дојде во фокусот на јавноста по посетата на Земан на Србија минатата недела и најавите дека ќе изнесе предлог Чешка да го повлече признавањето на Косово.

Во Чешка на иницијативата на Земан околу Косово се гледа главно како на уште еден од провокативните гестови без каква било реална основа, поради чувството на вина на чешкиот претседател.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе