Земан: НАТО мисијата пропадна, треба да се вложува во чешката одбрана

Чешкиот претседател Милош Земан кажа дека мисијата на НАТО пропадна во Авганистан и ја повика својата земја да се фокусира на националната одбрана, а не да „троши пари“ на воениот пакт.

EPA-EFE

Земан кажа дека главната улога на НАТО е борбата против глобалниот тероризам, но дека Алијансата досега не успеала во таа задача.

„Недовербата во НАТО ќе порасне во многу земји членки по ова искуство, бидејќи ќе кажат ако не успеавте во Авганистан, каде е гаранцијата дека нема да згрешите и во некоја друга критична ситуација“, кажа Земан.

„Сега кога вложувањето во НАТО е само залудно трошење пари, нашето трошење на одбрана треба да се фокусира на националната одбрана и на воените набавки“, кажа чешкиот претседател.

НАТО денес соопшти дека талибанците не смеат да дозволат Авганистан повторно да стане легло на тероризмот и предупреди дека „сојузот ја задржа воената моќ“ и може да ја нападне секоја терористичка група.

Според чешкиот устав, претседателот е врховниот командант на чешките оружени сили, но владата е таа која ја поставува одбранбената политика.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе