Земан крена голема прашина, сега Американците ја смируваат Приштина

Не стивнуваат реакциите на изјавата на чешкиот претседател Милош Земан дека неговата земја би можела наскоро да го преиспита признавањето на независноста на Косово.

Амбасадорот на САД во Чешка Стивен Кинг се сретна со дипломатскиот претставник на Приштина во Прага Арбер Влахуи, на кој му ја пренел цврстата поддршка на САД за косовската независност.

Кинг на својот профил на Твитер наведе дека „го уверил Влахуи во цврстата поддршка на САД на суверенитетот и независноста на Република Косово, целосно интегрирана во меѓународната заедница“, пренесува РТК2.

Земан при посетата на Белград крена голема прашина, кажувајќи му на српскиот претседател Александар Вучиќ дека ја сака Србија, но дека не го сака Косово. Потоа, за време на официјалните разговори изјави дека неговата земја би можела наскоро да го преиспита признавањето на независноста на Косово.

Веднаш следеше реакција од Чешка, од министерството за надворешни работи кое соопшти дека тоа не доаѓа предвид и дека Земан „зборува за себе“, но потоа премиерот Андреј Бабиш му порача на чешкиот претседател дека е спремен на отворен дијалог за Косово.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе