Земан: Имам два аргументи за повлекување на признавањето на Косово

Претседателот на Чешка Милош Земан кажа за што ќе зборува на средбата со премиерот и претседателите на двата дома на парламентот во врска со повлекувањето на признавањето на Косово.

Тој кажа дека како аргумент за повлекување на признавањето на Косово ќе изнесе дека актуелните косовски власти се под кривична истрага на Хашкиот трибунал за воени злосторства, како и дека не би барал повлекување на признавањето доколку во Приштина на власт дошле демократски партии необременети од минатото.

„Нормално дека да. Но премногу голем оптимист сте кога претпоставувате дека тоа ќе се случи. За жал, демократските партии на Косово се многу слабо претставени“, им кажа Земан на чешките новинари што го придружуваа при посетата на Белград, на прашањето дали ситуацијата околу повлекувањето на признавањето би ја сменила изборна победа на демократските партии на Косово.

Земан на новинарите им кажа дека во обидот за издејствување на повлекување на признавањето на Косово има два аргументи. Првиот е дека Пратеничкиот дом на чешкиот парламент своевремено усвои резолуција во која ја повика чешката влада да не го признава Косово, а тогашната влада на премиерот Мирек Тополанек тоа не го почитуваше и го призна Косово во мај 2008.

„Вториот аргумент е тоа што Хашкиот трибунал се занимава со злосторствата извршени на косовска територија. Мора да признаете дека ако водечки политичари на чело на премиерот се под истрага за воени злосторства, тоа е нешто друго од тоа кога би биле под истрага за економски криминал. Претпоставувам дека на состанокот ќе се обидам да ги применам тие аргументи а дали тоа ќе ми успее или, тоа е животот“, кажа денес Земан.

Земан кажа и дека на самитот на претседателите на земјите од Вишеградската група и западниот Балкан на почетокот на октомври во Прага намерно не го поканил претседателот на Косово Хашим Тачи, а го поканил српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Би сакал помирување на косовските Албанци и Срби. Но едно е желба, а друго е суровата реалност“, кажа чешкиот претседател.

Земан истакна и дека царините од 100 отсто на српската стока сигурно не е чекор со кој косовските власти покажуваат дека би прифатиле компромис.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе