Земан до чешките европратеници што гласаа против Орбан: Ова е предавство

Чешките европратеници што гласаа за поведување дисциплинска постапка против Унгарија чешкиот претседател Милош Земан ги обвини за предавство на солидарноста.

„Знам кои пратеници гласаа против Унгарија, или ако сакате да персонифицираме, против Виктор Орбан. Тоа е недостиг од солидарност, во овој случај солидарност со Унгарија. А особено оние што постојано се колнат на солидарност кога ние во рамките на Вишеградската група ја изразуваме нашата солидарност, одеднаш тука има многу критики“, рече синоќа Земан.

Чешкиот премиер Андреј Бабиш прво вчера застана на страната на Унгарија и се огради од гласањето на своите европратеници од партијата АНО, кои беа за да се покрене „нуклеарната опција“ во согласност со членот 7 од основниот договор на Европската Унија, по што Унгарија би можела да остане без право на глас во Унијата.

„Јас главно заедно со Орбан издејствував да нема бегалски квоти и дека релокацијата ќе биде на доброволна основа. Се разбира, овие напади од ЕУ еднаш врз Полска, еднаш врз Унгарија, после ги решаваат парламентот и медиумите и овие глупости само внесуваат негативно расположение во ЕУ. Тоа е политика во контекст на следните европски избори. Јас стојам до Орбан, ние сме сојузници и Вишеградската четворка функционира“, изјави прво Бабиш за прорускиот портал Парламентњи листи.

„Сите зборуваат за европските вредности. Ние имаме слобода и демократија, проект што ни донесе мир. Ние ги имаме тие вредности. Ако некој зборува нешто за Полска и Унгарија, а потоа вели дека јас ја загрозувам демократијата, морам да се смеам на тоа. Ние имаме проблем со брегзитот. Ако Европа постојано се дели, тоа е лошо“, изјави Бабиш за новинарите.

Европската комесарка за правда Вјера Јоурова, од партијата на Бабиш, пак, ги предупреди Чешка, владата и својот партиски шеф премиерот Бабиш да не настојуваат по секоја цена да бидат солидарни со Полска и Унгарија, кои според мислењето на ЕУ ја попречуваат демократијата, и се заложи исплатата на средствата од заедничката европска каса да биде поврзана со почитувањето на владеењето на правото во земјите-членки.

„Ако некои земји велат дека тоа не им се допаѓа, јас морам да ги прашам - зарем тоа не е минимумот што мора да им го гарантирате на европските даночни обврзници, доколку ги сакате нивните пари? Зарем не би требало да им гарантирате правна држава и тоа дека независните судови ќе судат и ќе казнуваат измами и корупција поврзани со европските пари?“, рече Јоурова во мај на конференција на ЕУ во Прага.

Чешката еврокомесарка тогаш директно ја предупреди Полска, а тоа важи и за Унгарија, дека Европа не сака во неа да важи правилото дека изборниот победник граба сè. „Ние не сакаме кога една политичка партија ќе победи на изборите да ја преземе власта врз судството. Судството мора да биде независно без оглед на политичките промени“, рече Јоурова.

Република Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани.

повеќе

Заев побара од дипломатите да се воздржуваат од активности меѓу гласачите спроти референдумот, а онаа од поддржувачите не му пречи.

повеќе

Македонија по оваа авантура нема каде да се врати и единствениот пат по кој треба да тргне е патот на внатрешно реформирање и интраетничко помирување и обединување.

повеќе