Исклучиво со дипломатски методи

Зеленски: Воено решавање на проблемот со Донбас е неприфатливо

Претседателот на Украина Володимир Зеленски се заложи за постигнување мир на истокот на Украина со политички и дипломатски методи.

Украинскиот претседател истакна дека воено решавање на проблемот е неприфатливо.

Зеленски одржа средба во рамки на подготовките за самитот на Нормандиската четворка (Русија, Украина, Франција и Германија), а учесниците разговарале за петте сценарија за реинтеграција на териториите на Доњецката и Луганската област, кои Киев ги смета за окупирани.

На таа средба министерот за надворешни работи Вадим Пристајко кажа дека црвената линија за Киев е промена на уставот, како и дека Украина нема да дозволи „влијание врз нејзините надворешнополитички приоритети“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе