Зеленски во ОН: Ова се петте услови за мир, нема преговори за нив (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред Генералното собрание на ОН преку видео врска, барајќи санкции против Русија, ограничување на цената на руските енергенти и формирање специјален суд за злосторствата извршени во агресијата врз неговата земја.

Фото: скриншот

„Се врши злосторство против Украина и бараме праведна казна“, рече Зеленски на почетокот на своето видео обраќање кое траеше половина час. Зеленски претстави, како што рече, пет услови за мир за кои не може да се преговара. Тие вклучуваат казна за руската агресија, враќање на безбедноста и територијалниот интегритет на Украина и безбедносни гаранции.

Имено, тој побара казна против Русија за кривично дело агресија, убивање и мачење луѓе, за нарушување на украинската граница и нејзиниот територијален интегритет.

Тој ја нагласи потребата да се блокираат трговските односи со Русија и да се изолира агресорот. Тој повика и на одземање на правото на глас на Русија во меѓународните организации, како и нејзиното право на вето во Советот за безбедност на ОН.

Тој исто така повика на ограничување на цените по кои Русија извезува нафта и гас, оценувајќи дека енергетите станаа руско оружје со кои земјата манипулира со пазарот.

„Украина бара казна за убиствата на илјадници луѓе, мачењето и понижувањето на своите жители, како и за катастрофалните турбуленции што Русија ги предизвика со војната“, рече украинскиот претседател, додавајќи дека тој зборува во името на државата принудена на самоодбрана.

Тој исто така рече дека Украина не ја предизвикала војната, дека одржале 88 рунди преговори во различни формати за да ја спречат и посочи дека Русија ќе биде принудена да ја прекине војната што ја започна.

Зеленски им се заблагодари на 101 земја кои преку гласање му овозможија видео обраќање до ОН и ги именуваше седумте земји што гласаа против - Куба, Белорусија, Северна Кореја, Еритреја, Никарагва, Русија и Сирија.

Војната во Украина доминираше во говорите во ОН, собрание што се одржува речиси седум месеци од почетокот на руската агресија против Украина, најголемиот воен конфликт во Европа од Втората светска војна.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе