Зеленски вели дека Украина зазела три населени места на југот и на истокот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите сили зазеле две населени места на југот на Украина, трета населба на исток и дополнителна територија на истокот на земјата.

Фото: ЕПА

Тој не кажа точно каде се териториите и не даде временска рамка, освен што рече дека добил „добри извештаи“ на состанокот во неделата од неговите воени команданти и шефот на разузнавањето.

Во своето ноќно видеообраќање, Зеленски им се заблагодари на своите сили за ослободувањето на населбите во источниот регион Доњецк, како и за заземањето области исто така во источниот регион во правец Лисичанск-Сиверск и за ослободувањето на две јужни населби.

Украина тврди дека ослободила село во областа Херсон

Украинските вооружени сили, според информациите од Киев, во неделата го ослободиле селото Високопилија во Херсонската област, пишува Дпа.

Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Тимошенко, во неделата на Телеграм објави фотографија од кревањето на знамето.

Сепак, информации за ослободувањето на таа населба на северот од регионот беа објавени и во јуни.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на воен состанок рече дека украинските знамиња сѐ повеќе се враќаат таму каде што припаѓаат.

„И нема место за окупатори во нашата земја“, рече тој во неделата, според неговиот кабинет, но не откри детали.

Според медиумите, украинските единици во неделата го ослободиле и селото Озерне во Доњецк. Оваа информација не е независно потврдена.

Кон крајот на август, Украина почна офанзива насочена кон ослободување на регионот Херсон, кој беше освоен од Русите набргу по почетокот на инвазијата на 24 февруари.

Руското Министерство за одбрана ги негира успесите на Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе