Зеленски: Украина ќе се врати во Донбас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Украина ќе се врати во Донбас.

Фото: ЕПА

Во видеообраќањето по повод Денот на градот Доњецк и Денот на рударите, кои во Украина се слават последниот викенд во август, Зеленски рече дека Украина не заборавила и нема да заборави ниту еден свој град и ниту еден свој човек.

Доњецк отсекогаш бил еден од најбогатите и најмоќни градови во Украина, рече Зеленски.

Според него, Донбас сега е речиси уништен и разорен од руските напади.

„Но Украина ќе се врати. Задолжително. Достоинството ќе им се врати на жителите на Донбас. Тоа ќе го симболизира нашето украинско знаме кога ќе го поставиме во Доњецк, Горловка, Мариупол, во сите градови на Донбас и регионот Приазов, во сите области под руска окупација: Харков, Запорожје, Херсон. И секако - на Крим. Украина памети сѐ“, рече Зеленски.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе