Зеленски: Украина би можела да го заземе местото на Британија во ЕУ

Претседателот на Украина Володимир Зеленски кажа дека неговата земја би можела да го заземе местото на Британија во ЕУ, која на 31 јануари би требало да го напушти сојузот.

Зборувајќи за перспективата за членство на Украина во Европската Унија, Зеленски на форумот во Давос изјави дека, кога една земја излегува од Сојузот, можеби е време друга да влезе во него.

„Прашањето не е кога ние ќе бидеме во Европската Унија. Прашањето е каков ќе биде статусот на Украина во Европската Унија, каков ќе биде односот кон нашата земја – однос како према моќен, рамноправен играч, како земја која ја почитуваат, земја која не ја гледаат од високо. Сега е многу погоден момент, кога знаеме: една голема земја излезе, можеби е дојдено времето Украина да влезе“, кажа Зеленски.

Британија би требало да ја напушти Европската Унија на 31 јануари. Датумот во повеќе наврати беше одложуван поради неможноста за ратификување на договорот за условите на брегзитот во британскиот парламент.

Парламентот на Украина во февруари 2019, на предлог на тогашниот претседател Петро Порошенко, усвои измени на уставот, со кој се зацврсти политиката на земјата насочена кон Европската Унија и НАТО.

Поранешниот еврокомесар за проширување на ЕУ Јоханес Хан претходно изјави дека е нереално да се зборува за членство на Украина во ЕУ во следните години и дека Киев треба да се фокусира на имплементација на договорот за асоцијација со ЕУ.

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, исто така, изјави дека за влегување во Алијансата е потребно Украина да исполни низа критериуми, за чија реализација е потрбно доста време.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе