Зеленски: Ситуацијата е многу тешка. Секој ден губиме до 100 војници

Украина губи до 100 војници секој ден во борбата против руските сили, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фото: ЕПА

Во интервју за американскиот информативен канал Њузмакс, украинскиот лидер рече дека ситуацијата е најтешка на истокот на земјата, особено во Северодоњецк и Лисичанск.

„Ситуацијата на исток е многу тешка. Секој ден губиме од 60 до 100 војници“, рече тој.

Зеленски додаде дека ракетите кои САД ќе ѝ ги испратат на Украина нема да се користат на руска територија.

„Знам дека некои луѓе во САД велат дека можеби ќе ги искористиме за да ја нападнеме Русија. Видете, ние немаме планови да ја нападнеме Русија. Не сме заинтересирани за тоа што се случува во Русија. Заинтересирани сме за нашата сопствена територија во Украина“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе