Во своето ноќно видео обраќање, Зеленски рече дека нападите „влијаат на офанзивниот потенцијал на руските сили“.
„Артилеријата што ни ја испрати Западот конечно почна да бележи моќни удари. Нивната прецизност е токму она што ни е потребно“, рече тој.
Зеленски зборуваше за американските повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС, исклучително прецизно артилериско оружје со долг дострел што им овозможува на Украинците да ги гаѓаат руските сили и логистички цели на значително поголема оддалеченост од досега.
„Загубите на окупаторите само ќе се зголемат оваа недела, како и потешкотиите во снабдувањето“, рече тој.