Со посредство на Трамп, Меркел, Макрон...

Зеленски сака состанок со Путин: Ајде да зборуваме за тоа чиј е Крим (ВИДЕО)

Претседателот на Украина Володимир Зеленски предложи да се организира состанок со неговиот руски колега Владимир Путин.

Зеленски предложи состанок за да се реши кризата меѓу двете земји и повеќе западни лидери да бидат посредници во разговорите.

„Сега му се обраќам на рускиот претседател Владимир Путин. Треба ли да разговараме? Мораме! Ајде да го сториме тоа! Ајде да зборуваме за тоа чиј е Крим и кој не е во Донбас“, рече Зеленски во видео порака објавена на веб страницата на украинското претседателство.

Киев и западните земји ја обвинуваат Русија дека е воено присутна на истокот на Украина, каде што про-руски бунтовници веќе пет години се борат против силите на украинската влада. Москва ги негира овие обвинувања.

Зеленски, кој во април е избран за претседател, изјави дека состанок може да се одржи во Минск, во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, британската премиерка Тереза Меј, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за новинарите изјави дека „не е во можност“ да одговори на понудата и оцени дека се работи за „сосема нов формат“.

„Мораме да разбереме дали постои можност за таков состанок“ рече Песков и додаде: „Тоа е нова иницијатива и ќе биде разгледана, но сега не можам ништо да кажам“.

Односите меѓу Украина и Русија се многу напнати од соборувањето на тогашниот украински претседател Виктор Јанукович на почетокот на 2014 година. Тој после неколкумесечни демонстрации на Киевскиот плоштад Мајдан и повеќе жртви побегна во Русија.

По доаѓањето на власт на прозападните политичари во Киев, Крим најпрво прогласи независност од Украина, а потоа спојување кон Русија. Набрзо потоа избувна војна помеѓу украинските сили и проруските сепаратисти на истокот на Украина.

Мировните договори од Минск, потпишани во 2015 година со посредство на Германија и Франција, го намалија интензитетот на конфликтот, но и понатаму релативно често доаѓа до борби и жртви.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе