Зеленски: Руската војна против Украина мора да заврши со ослободување на Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека конфликтот со Русија нема да заврши се додека црноморскиот полуостров Крим, кој Москва го анектираше, не биде ослободен. „Крим е украински и никогаш нема да се откажеме од него", рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање.

Фото: ЕПА

„Црноморскиот регион не може да биде безбеден се додека Крим е окупиран“, рече тој.

„Нема да има стабилен и траен мир во многу земји на брегот на Средоземното Море се додека Русија може да го користи нашиот полуостров како своја воена база. (...) Оваа руска војна против Украина и против цела слободна Европа започна со Крим и мора да заврши со Крим – со негово ослободување“, рече Зеленски.

Претходно во вторникот беа пријавени експлозии во руска воена база на црноморскиот полуостров, а владата во Киев соопшти дека не е одговорна за тоа.

„Њујорк тајмс“ објави дека украинската војска со непознато оружје нападнала клучна руска воздушна база таму.

Крим е под контрола на Москва откако Русија го анектираше полуостровот во 2014 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе