Зеленски: Русите сонуваат да ја заземат Украина и други европски земји

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека верува дека во Украина повторно ќе има мир и покрај моменталниот жесток судир со Русија. Тој тоа го кажа во обраќањето во Данска, на годишнината од ослободувањето на таа земја од нацистичката окупација во Втората светска војна.

EPA-EFE

„Руската држава не е спремна да ја сопре војната. Тие сонуваат да ја заземат Украина, но и други европски земји. Тие сè уште сонуваат дека ќе исчезне слободата од Европа. Но нивните соништа нема да се остварат. Сонот за мир ќе се оствари. Како што се случи пред 77 години“, кажа Зеленски.

Украинскиот претседател, чие обраќање беше емитувано на јавните плоштади, оцени дека ова што се случува во Украина ќе има важни последици за остатокот на Европа. Тој ги повика луѓето да се сетат на 220 украински деца убиени во војната и дека Европа е способна да стави крај на продолжувањето на таа состојба.

„Сега во Украина се одлучува за иднината на нашиот континент. Прашањето е дали ќе имаме мир, не само ние, туку и нашите соседи. Никој не може да каже уште колку ќе трае оваа војна. Но верувам дека денот на нашето ослободување се наближува“, кажа Зеленски.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе