„Русија едноставно нема храброст тоа да го признае“, кажа тој во своето синоќешно обраќање.
Зеленски додаде дека руски сили се кукавички и дека се обидуваат да ја скријат вистината зад ракетните, воздушните и артилериските напади.
„Стратегискиот пораз на Русија веќе им е очигледен на сите во светот, па дури и на оние кои и понатаму комуницираат со неа. На Русија едноставно ѝ недостига храброст тоа да го признае. Тие се кукавици. Се обидуваат да се скријат зад ракетните, воздушните и артилериските напади.
Затоа нашата задача е да се бориме додека не ги оствариме своите цели во оваа војна. Ослободете ја нашата земја, нашите луѓе и осигурете безбедност“, напиша тој на Фејсбук со видео-обраќањето.
Им се заблагодари на медицинските сестри и болничарите кои ги спасуваат животите на украинските војници и додаде дека руските сили уништиле 570 здравствени објекти од почетокот на војната.