Зеленски: Последната фаза од војната ќе биде најкрвава

За време на вчерашниот говор пред украинските студенти, претседателот Зеленски рече дека сѐ уште не може да ги повика Украинците да се вратат дома од странство поради страв дека последната фаза од војната ќе биде најтешка и најкрвава, објавија локалните медиуми.

Фото: ЕПА

Во областа Чернихив северно од Киев, Русите го нападнаа селото Десна и многумина беа убиени, рече украинскиот претседател во ноќното обраќање.

„Постојани се нападите на местата околу Одеса, на градовите во централна Украина, Донбас е целосно уништен - сето тоа нема и не може да има никакво воено објаснување, како што тврди Русија“, продолжи тој.

„Ова е намерен и злосторнички обид да се убијат што е можно повеќе Украинци“, рече тој.

„Да се уништат што е можно повеќе куќи, социјални објекти и претпријатија. Ова е она што ќе го квалификува геноцидот врз украинскиот народ и поради што окупаторите дефинитивно ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе