Зеленски отпушти уште луѓе од врвот на разузнавачката служба

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отпушти неколку високи офицери на разузнавачката агенција како дел од обемниот процес на чистење на безбедносните и обвинителските служби на земјата по многубројните пребегнувања на руската страна.

Фото: ЕПА

Со уредба објавена денеска Володимир Хорбенко беше сменет од сегашната позиција како заменик шеф на Службата за безбедност на Украина (СБУ). Четворица регионални лидери од Суми, Дњепропетровск, Закарпатија и Полтава заедно со директорот на СБУ во Житомир, беа разрешени од нивните претходни позиции.

Зеленски назначи нов регионален директор на службата во Харков, таа позиција беше празна од крајот на мај.

Иван Баканов шефот на СБУ, пријател на Зеленски од детството, беше сменет од функцијата во неделата, парламентот на Киев денеска ја потврди одлуката. Од истата причина во неделата остана без работа и главната обвинителка Ирина Венедиктова.

Зеленски започна голема чистка на високо рангираниот персонал во канцелариите на разузнавањето и државниот обвинител како одговор на големиот број пребегнувања кај окупаторските руски сили. Службата за безбедност на Украина има околу 30.000 вработени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе