Зеленски: Од Украина се извезени еден милион тони жито

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја извезла еден милион тони земјоделски производи преку Црното Море. Тој го изјави ова вчера доцна навечер, за време на неговото редовно ноќно обраќање.

Фото: ЕПА

„ Од првиот ден на август 44 бродови со украинско жито тргнаа од нашите пристаништа кон 15 земји. Вкупно станува збор за еден милион тони производи. Добивме барања за уште 70 бродови“, нагласи Зеленски зборувајќи за извозот што започна по постигнатиот договор со Турција и Обединетите нации на крајот на јули.

„Целта на Украина и Киев е да извезат три милиони тони во рок од еден месец“, додаде украинскиот претседател.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе