Зеленски објави снимка од нападот „за никој да не се осмели да лаже што се случи во Кременчук“ (ВИДЕО)

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, објави видео од нападот на трговскиот центар во Кременчук и рече дека тоа е „еден од доказите за тоа што руските војници го прават против украинскиот народ“.

Фото: скриншот

„Руската ракета намерно го погоди токму овој објект. Сакаа да убијат што повеќе луѓе во еден мирен град, во обичен трговски центар“, рече Зеленски во своето редовно ноќно обраќање до нацијата.

Тој нагласи дека на овој начин дава „докази“ за „никој да не се осмели да лаже“ за тоа што се случило во Кременчук.

Тој додаде дека „Русија ќе биде одговорна за овој чин на тероризам, како и за сите други“.

„На боиштето во Украина, со засилувањето на санкциите и, се разбира, пред трибуналот“, рече Зеленски.

Тој посочи дека вкупниот број руски ракети што до оваа ноќ ги погодиле украинските градови е 2.811.

Најмалку 18 лица загинаа, а десетици се повредени во нападот на трговскиот центар во Кременчук.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе