Зеленски објави фотографии од ослободениот град: „Уништено e сѐ што е потребно за живот“ (ФОТО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави неколку фотографии од Лиман, стратешки важен град кој неодамна го ослободија украинските сили.

Фото: Твитер

„Нашиот Лиман по заминувањето на окупаторот... Сè што е потребно за живот овде е уништено. Тоа го прават насекаде на териториите што ги окупираат. Ова може да се запре само на еден начин: со ослободувањето на Украина. Ни треба живот, хуманост, закон и вистина, што е можно поскоро“, објави Зеленски.

Руските сили се повлекоа од Лиман во текот на викендот, град во источниот регион Доњецк. Овој потег означи уште еден триумф на контраофанзивата на Украина на исток.

Но, фотографиите што ги објави Зеленски, како и другите фотографии и видеа кои доаѓаат од Лиман, покажуваат град кој е во голема мера уништен.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе