Украинскиот претседател

Зеленски: Нема да се случи нова Сребреница, бидејќи ова е поинаква земја

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека во Донбас не може да се случи масакр како тој во Сребреница, бидејќи Украина е „поинаква земја која ги почитува своите граѓани“.

„Ние сме поинакви луѓе, слободни, демократски. Сфаќаме дека таму живеат Украинци. И ние ги почитуваме граѓаните на Украина... Нема да има никаков масакр... Ние сме поинаква влада. За нас е најважен човечкиот живот. Затоа, не гледам повод за такви заклучоци“, истакна Зеленски.

Претходно претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека во Донбас би можела да се случи втора Сребреница ако Киев ја врати контролата на границата со Русија, а пред тоа да не се обезбеди заштита на граѓаните на Донбас.

Украинскиот претседател смета дека некои точки од Минскиот договор можат да се изменат, а особено оние кои се однесуваат на граничната контрола.

„Минаа четири години од Минск. Сѐ се менува во нешиот живот. И ние сфаќаме дека не сме го потпишале Минск како администрација, но сепак како влада сме должни да ги исполниме условите на кои тогашната влада се согласила“, кажа Зеленски.

Тој додаде дека сепак некои нешта можат да бидат сменети.

„Некои нешта ќе ги измениме, бидејќи токму предавањето на украинската државна граница под нашата контрола дури по изборите во Донбас – тоа дефинитивно не е наш став“, кажа украинскиот претседател/

Путин на самитот во Париз на Нормандиската четворка кажа дека Минскиот договор не може да се менува – дека сите точки се поврзани и сѐ може да се изгуби, и истакна дека прво мора да се одржат избори, па потоа да се спроведе одлуката за границата.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе