Зеленски: Направете Русија да бара мир

Володимир Зеленски претседателот на Украина ги оцени новите санкции на ЕУ како недоволни.

Фото: ЕПА

Новите санкции на ЕУ го погодија извозот на руското злато, големата Сбербанк, националистичкиот мото клуб Ноќни волци и актерите кои го поддржуваат рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утрово го пофали одобрувањето на седмиот пакет економски санкции на ЕУ од страна на 27-те земји членки како „силен сигнал“.

„Зголемените, продолжени санкции на ЕУ против Кремљ испраќаат силен сигнал до Москва: ќе го задржиме притисокот висок се додека е потребно“, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Претседателот на Украина рече дека тоа сепак не е доволно и дека тоа им го кажува на своите партнери.

„Русија мора да почувствува многу поголема цена поради војната, за тоа да ја принуди да бара мир“, посочи тој.

Последните мерки договорени во Брисел неформално од медиумите го добија прекарот „пакет од шест и пол“ поради нивната ограничена амбиција.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе