За уривањето на украинскиот авион

Зеленски му порача на Иран: Целосна истрага, извинување и надомест на штета

Украина очекува целосна истрага во која ќе учествуваат и украински експерти, како и признавање на вината и компензација од Иран за урнувањето на украинскиот патнички авион, рече претседателот Зеленски.

„Иран се изјасни за виновен за соборувањето на украинскиот авион, но ние инсистираме на целосно признавање на вината“, рече Зеленски во соопштение откако иранската војска објави дека ненамерно го срушила авионот.

Зеленски рече дека Украина очекува Иран да се обврзе дека е спремен да спроведе целосна и отворена истрага и да ги донесе одговорните пред лицето на правдата, да ги врати телата на загинатите, да плати обесштетување и официјално да се извини преку дипломатски канали, пренесува Ројтерс.

Иран претходно објави дека неговата војска „ненамерно го срушила“ украинскиот патнички авион и дека станува збор за човечка грешка.

Иранската војска се извини, велејќи дека ќе ги усоврши своите системи за да спречи повторно да се случат вакви трагедии.

Признавањето дојде откако американските и канадските власти соопштија дека е „голема веројатноста“ иранска противвоздушна ракета да го урнала авионот, што Техеран првично го демантираше, нарекувајќи ги наводите „големи лаги“.

Авионот беше соборен во средата, неколку часа по иранските ракетни напади врз две воени бази во Ирак, користени од американските сили, што беше одмазда за убиството на најмоќниот генерал во Иран, Касем Сулејмани.

Во несреќата загинаа 176 патници и членови на екипажот, повеќето од нив ирански или канадски државјани со иранско потекло, кои се враќаа во Канада преку Украина по празниците поминати во Иран.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе