Зеленски: Никого нема да понижиме, ќе одговориме со иста мерка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема да се задоволи со примирје на бојното поле и дека негова цел е да ја врати контролата над териториите окупирани од Москва.

Фото: ЕПА

„Веќе изгубивме премногу луѓе за едноставно да ја отстапиме нашата територија“, рече Зеленски преку видео врска на настанот организиран од британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Тој додаде дека примирје „не е опција“ за Киев. „Мора да постигнеме целосна деокупација на целата наша територија“, рече Зеленски, пренесе Ројтерс.

Киев претходно објави дека руските сили сега контролираат околу 20 отсто од украинската територија.

„Никого нема да понижиме, ќе одговориме со иста мерка“, одговори Зеленски запрашан за изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека не би требало да се „понижи“ Русија за да остане отворена вратата за дипломатско решение.

Украина се надева дека западните испораки на оружје со поголем дострел, вклучително и американскиот ХИМАРС и британскиот артилериски ракетен систем М270, би можеле да помогнат во потиснувањето на руските сили.

Зеленски исто така рече дека е „многу среќен“ дека британскиот премиер Борис Џонсон, еден од најсилните сојузници на Украина, го преживеа гласањето за доверба на пратениците од неговата Конзервативна партија во понеделникот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе