„Ви посакувам успешно да ги надминете сите предизвици со кои денес се соочени британското општество и целиот свет. Спремен сум да продолжам заедно да го јакнеме стратегиското украинско-британско партнерство“, порача Зеленски на Твитер, упатувајќи му честитка на Синак.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека изборот на Сунак за нов премиер „не дава причина за надеж во позитивен развој на односите“ меѓу Британија и Русија.
„Не, во овој момент не гледаме ни претпоставки, ни основа, ни надеж во тоа дека во нашите односи ќе има какви било промени на подобро во блиска иднина“, кажа Песков.
Риши Сунак денес официјално стана нов британски премиер откако кралот Чарлс Трети го именуваше на таа должност, откако ја прифати оставката на Лиз Трас, која на должноста мина само 49 дена, најмалку во историјата на земјата.
Кралот го повика новиот лидер на конзервативците да состави нова влада на состанокот во Бакингемската палата. Сунак меѓу другото во својот говор ја осуди „ужасната војна“ која ја води Русија во Украина, давајќи му поддршка на Киев.
Ја окарактеризира специјалната воена операција на Русија како „ужасна војна која мора да заврши со успех“.