Новоизбраниот украински претседател

Зеленски: Мојата прва задача е ослободување на воените заробеници

Комичарот Володимир Зеленски изјави дека неговата прва задача како претседател на Украина, иако официјалните резултати од изборите сѐ уште не се објавени, е да стави крај на граѓанската војна во источна Украина, ветувајќи дека наскоро ќе претстави план за тоа.

Тој на прес-конференцијата побара од новинарите да му помогнат во претстојната „информациска војна“ која треба да стави крај на конфликтот, кој од 2014 година беснее меѓу трупите на Киев и сепаратистичките проруски бунтовници.

Тој вети дека „ќе дејствува во нормандискиот формат“, реферирајќи на француско-германско-руско-украинските преговори за војната во регионот Донбас, истакнувајќи дека ќе го продолжи Минскиот процес и ќе го „рестартира“.

„Задача број еден за нас е враќање на сите заробеници, сите воени заложници, на нашите морнари“, им кажа на новинарите Зеленски кој, според првичните резултати, убедливо го победи досегашниот претседател Петро Порошенко на претседателските избори.

Во Русија во затвор се наоѓаат 24 украински морнари од ноември минатата година, кога руската крајбрежна стража заплени три украински брода додека минуваат низ Керченскиот теснец.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе