Зеленски: Кој ја сака Русија, нека оди таму

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Донбас „никогаш нема да биде руска територија“ и им порача на оние што ја сакаат Русија и сакаат оваа област да стане дел од неа „да си бараат место во Русија“.

Фото: ЕПА

„Ако некој живее денес на територијата на привремено окупираниот Донбас и мисли дека 'нашата работа е исправна - треба да бидеме заедно со Русија, ние сме Руси', мислам дека е голема грешка да остане да живее во Донбас. Тоа никогаш нема да биде руска територија“, рече Зеленски во интервју за ТВ Дом.

Тој им рече на оние што ја сакаат Русија, а целиот свој живот го поминале во Украина, но сметале дека тоа е Русија, дека „треба во името на своите деца и внуци да одат и да си бараат место во Русија“.

Тој тврди дека тоа е исправно бидејќи „без Украина на таа територија, нема да има цивилизација“.

„Украина ќе се развива, ќе се гради, а во таков Донбас - окупиран, одделен, никогаш нема да има развој. Но ако сметате дека Донбас е Украина, ако го почитувате тоа знаме, украинскиот јазик, ако сметате дека сте Украинци, тогаш останете таму, држете се, таа територија во секој случај ќе биде ослободена од окупација“, рече Зеленски.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе