Зеленски: Извештајот на Амнести интернешнал го амнестира агресорот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес негативно го оцени извештајот на Амнести интернешнал во кој се тврди дека украинските сили повремено користеле тактики кои ги загрозувале цивилите при пружањето отпор на руската војска.

EPA-EFE

Зеленски тврди дека извештајот на АИ се обидува да ја „префрли одговорноста“ од убиствата на цивили од Русија на Украина.

„Денес видовме сосема поинаков извештај на Амнести интернешнал, кој, за жал, се обидува да амнестира терористичка држава и да ја префрли одговорноста од агресорот на жртвата“, изјави Зеленски.

Тој истакна дека не постојат и не можат да постојат, дури ни хипотетички, услови под кои каков било руски напад на Украина станува оправдан и додаде дека Русија уништила стотици верски објекти, речиси 900 медицински установи и илјадници училишта.

„Ова е таква неморална селективност. Секој кој ја амнестира Русија и кој вештачки создава таков информативен контекст во кој некои напади на терористите наводно се разбирливи, мора да биде свесен дека со тоа им помага на терористите“, оцени Зеленски.

АИ вчера објави извештај во кој се наведува дека украинските сили ги довеле во опасност цивилите со поставување бази и сместување на оперативни оружени системи во населени станбени места, вклучувајќи училишта и болници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе