По смртта на четворица украински војници

Зеленски „итно го повика“ Путин: Му реков не се приближуваме до мирот, тој ми вети нешто

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека разговарал по телефон со рускиот колега Владимир Путин, откако четворица украински војници се убиени во гранатирање на истокот на земјата.

„Итно го повикав. Му реков дека така не се приближуваме до мирот“, рече Зеленски и додаде дека тој го повикал Путин да побара од сепаратистите кои Москва ги поддржува да престанат да го убиваат украинскиот народ.

Тој додаде дека Путин „нешто му ветил“, а детали за тоа ќе бидат откриени подоцна, пренесе Радио Слободна Европа.

Кремљ не го коментираше телефонскиот повик.

Украинското Министерство за одбрана во соопштението од 6 август наведе дека сепаратистите пукале врз украински воени позиции во регионот Доњецк претходно тој ден, користејќи ракетен фрлач, митралези и пушки.

Се наведува дека четворица војници загинале.

Од април 2014 година, во конфликтот се убиени повеќе од 13.000 лица.

Со примирјето, кое ги вклучува Русија и Украина, а со посредство на Франција и Германија, е завршен големиот конфликт во источна Украина во 2015 година.

И наспроти тоа, сè уште има редовни конфликти од мали размери во кои има жртви.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе