Зеленски имаше сообраќајка откако го посети бојното поле (ВИДЕО)

Автомобилот во кој се наоѓал украинскиот лидер се судрил со друго возило по посетата на бојното поле, но тој не е сериозно повреден, изјави неговиот портпарол. Зеленски се враќаше во Киев од регионот Харков, каде што ги посети војниците во повторно заземениот град Изјум.

Фото: ЕПА

Патничко возило се судри со претседателската поворка во главниот град на Украина, објави неговиот портпарол Серхиј Никифоров на Фејсбук.

На возачот на другото возило му е дадена прва помош и со амбулантно возило е однесен, рече тој.

„Претседателот беше прегледан од лекар, не беа констатирани сериозни повреди“, напиша Никифоров. Тој не прецизираше какви повреди добил Зеленски.

Портпаролот додаде дека се истражуваат околностите на несреќата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе