„Русите најмногу страдаат“

Зеленски им нуди на Русите украинско државјанство

Владимир Путин не треба да очекува дека многу Украинци ќе ја прифатат неговата понуда за добивање руски пасош, рече Володимир Зеленски.

Новоизбраниот украински претседател рече и дека на Русите им нуди украинско државјанство.

Рускиот претседател Владимир Путин завчера во Пекинг изјави дека ја разгледува можноста за воведување полесни процедури за стекнување руско државјанство за сите граѓани на Украина.

„Она по што посебно се разликува Украина е фактот дека ние Украинците имаме слобода на говорот во нашата земја, слободни медиуми и интернет“, напиша Зеленски на Фејсбук.

„Ќе им дадеме украинско државјанство на припадниците на сите нации што страдаат од авторитарни и корумпирани режими, а на прво место на Русите, кои денес најверојатно најмногу страдаат“, додаде Зеленски.

Путин завчера оцени дека народот на Украина е уморен од војна и додаде дека би сакал да го дознае ставот на Зеленски за конфликтот во источна Украина.

Ројтерс потсетува дека Путин веќе потпиша декрет за забрзување на решавањето на барањата за руско државјанство на Украинците од самопрогласените републики Доњецк и Луганск.

Во декретот, објавен на веб-страницата на Кремљ, се вели дека барањата на луѓето што живеат во украинските региони Доњецк и Луганск ќе бидат разгледувани за помалку од три месеци.

Путин рече дека е неприфатливо жителите на украинските региони Доњецк и Луганск да немаат права, но додаде дека Москва не сака да му создава проблеми на новото украинско раководство.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе