Во своето дневно обраќање до нацијата Зеленски порача дека е уверен дека „светот правилно ќе реагира на псевдореферендумите“ и дека „јавно ќе ги осуди“.
„Оние кои се присилно мобилизирани во руската војска треба да ја саботираат секоја активност на непријателот, да ѝ дадат на Украина важни податоци за базите на окупаторот, штабовите, магацините со муниција и во секоја прилика да се обидат да дојдат до слободната територија на Украина“, кажа Зеленски.
Тој на луѓето кои живеат на териториите под руска контрола им порача: „Спасете ги своите животи, помогнете ни да ги ослабиме и уништиме руските окупатори“.
Во регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје од 23 до 27 септември се организираат референдуми со цел тие да бидат припоени на Русија. Руските сили целосно ги контролираат Луганск и Херсон, а делумно Запорожје и Доњецк.
Рускиот претседател Владимир Путин сличен референдум спроведе во 2014 година кога Русија го анектираше Крим.