За да се најде решение

Зеленски го повика Путин да се сретнат во Донбас (ВИДЕО)

Претседателот на Украина Володимир Зеленски го повика претседателот на Русија Владимир Путин да се сретнат каде било во Донбас.

EPA-EFE

Во видео-пораката објавена денес, Зеленски наведе дека на заседанието на политичките советници на Нормандиската четворка на 19 април е даден предлог за состанок на контакт линија за ситуацијата што е можно повеќе да се разјасни.

„Спремен сум да отидам и ве повикувам да се сретнеме во кој било дел на украински Донбас, каде што се води војна“, порача Зеленски.

Зеленски истакна дека Украина е спремна да се бори за мир по дипломатски пат и истовремено се подготвува да се брани.

„Што се случува денес: Голем број руски трупи се концентрирани во близина на нашите државни граници. Официјално Русија ова го нарекува обука. Неофицијално, целиот свет таквите нешта ги нарекува уцена. Дали нас тоа нè загрижува? Да. Дали Украина и нејзините меѓународни партнери бараат трупите да се повлечат од нашите граници: Да. Бидејќи, Русија постојано повторува дека сака мир, а истовремено ги создава сите предуслови за ескалација. Дали е тоа логично? Не. Дали е неочекувано? Не. Дали тоа значи дека ескалацијата е неизбежна? Не. Дали Украина сака војна? Не. Дали е спремна за војна? Да. Дали Украина ќе престане да се бори за мир по дипломатски пат? Никогаш“, се наведува во соопштението на Зеленски.

Украинскиот лидер додаде дека Украина секогаш ќе се брани.

„Ќе се брани ли Украина ако нешто се случи? Секогаш. Нашиот принцип е едноставен – Украина не почнува војни прва, но секогаш се бори до крај“, истакна Зеленски.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија ги преместува војниците на својата територија по потреба. Според него, тоа не е закана за никого и не треба никого да загрижува.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе