Зеленски до своите функционери: Престанете да зборувате за нашата тактика

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа вчера на државните, локалните и воените функционери да престанат да разговараат со новинари за воената тактика на Киев против Русија, кажувајќи дека таквите забелешки се „искрено неодговорни“.

EPA-EFE

По експлозиите кои во вторникот уништија авиони во воздухопловна база на Крим, Њујорк тајмс и Вашингтон пост цитираат неидентификувани функционери дека за тоа се одговорни украинските сили. Владата во Киев, од друга страна, одби да каже дали таа стои зад експлозиите.

„Војната дефинитивно не е време за суета и гласни изјави. Што помалку детали откривате за нашите планови за одбрана, толку ќе биде подобро за спроведувањето на тие планови за одбрана. Ако сакате да генерирате гласни наслови, тоа е друга работа, но е искрено неодговорно. Ако сакате победа на Украина треба да бидете свесни за својата одговорност за секој збор кој ќе го кажете за плановите на нашата држава за одбрана или противнапади“, кажа Зеленски.

Тој своите коментари им ги упати на државните, локалните и воените функционери, како и на други луѓе кои, како што кажа, ги коментираат случувањата на фронтот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе