Во обраќањето преку видеоврска

Зеленски до НАТО: Бараме неограничена воена помош, не сакаме да војуваме со години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на лидерите на НАТО преку видеоврска.

Фото: ЕПА

Тој рече дека чувствува оти Украина е „заглавена во еден вид сива зона меѓу Западот и Русија“, бидејќи не е членка на НАТО, но „ги брани нашите заеднички вредности“.

„Тоа беше месец на херојска одбрана, но и ужасен, мрачен месец на уништување“, рече Зеленски.

„Украина се држи храбро, но цената е илјадници животи, уништени градови и речиси 10 милиони раселени“.

Тој рече дека од самиот почеток на војната бара воздушна поддршка „за одбрана на небото над Украина“ бидејќи Украина нема моќни системи за противвоздушна одбрана.

Рече дека Русија користи оружје за масовно уништување, а последиците може да ги видат сите.

„Ова е нерамноправна борба“, рече Зеленски, барајќи „неограничена воена поддршка“ за да се спасат украинскиот народ и градови.

Тој рече дека Русија „го користи својот арсенал без ограничувања“ и дека намерно напаѓа градови, болници и мостови. Досега Украина не добила ниту еден воен авион, рече Зеленски и додаде дека молел за тенкови: „Дајте ни ги, продајте ни ги“, но сепак не добил јасен одговор од членките на НАТО.

„Украина не сака да војува со години. Ние едноставно сакаме да преживееме и да го спасиме нашиот народ“, рече Зеленски, додавајќи дека не го обвинува НАТО.

„Нашите градови не се уништувани од ракетите на НАТО“, додаде тој. Но НАТО може да помогне да се избегнат дополнителни смртни случаи со испраќање муниција и оружје во Украина, рече тој.

„Тоа е прашање на живот и смрт“, рече тој.

Зеленски ја обвини Русија дека и утринава употребила забранети фосфорни бомби: „Повторно умираат деца, умираат луѓе“, му порача тој на НАТО.

Би-би-си наведува дека не кажал каде се случил нападот со фосфор, ниту пак дал докази за таков напад.

„Сигурни ли сте дека членот 5 од повелбата би функционирал ако Русија нападне членка на НАТО?“

Зеленски ги праша лидерите на НАТО дали се убедени дека членот 5 од Повелбата на НАТО ќе функционира доколку Русија нападне членка на НАТО? Членот 5 од Северноатлантската повелба вели дека нападот врз една членка на НАТО е напад врз сите членки.

Зеленски го повика НАТО да не кажува дека украинската армија не ги исполнува стандардите на НАТО.

„Единствено што барам од вас по еден месец војна е да не ни велите дека нашата армија не ги исполнува стандардите на НАТО“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе