Зеленски до ЕУ: Во јуни да добиеме статус на кандидат, благодарност до Балканот за разбирањето

Статусот на кандидат за членка на Европската Унија за Украина треба да биде одобрен на самитот во јуни, порача денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во видеоповик до лидерите на тој блок, кои денеска на самит во Брисел разговараат за украинската криза.

Фото: ЕПА

„На стратегиско ниво, статусот на земја-кандидат за членство во ЕУ на Украина треба да биде одобрен уште во јуни“, рече Зеленски.

Тој особено им се заблагодари на земјите од Западен Балкан „за разбирањето и за поддршката на кандидатскиот статус за Украина“.

„На 8 април, кога беше усвоен петтиот пакет санкции, добивме прашалник за кандидатурата и веќе го одговоривме, ѝ дадовме одговори на Европската комисија. Сметаме на истата реакција од Европа и ја отфрламе секоја алтернатива, која никому не му е потребна. Мора да бидеме како вас“, порача Зеленски.

Украинскиот претседател рече дека Украина ги исполнила сите критериуми за кандидатски статус.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе