По нападот на селани врз Украинци евакуирани од Вухан

Зеленски: Да бидам искрен, како да сме од средниот век (ВИДЕО)

Украина личи на средновековна Европа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот од селаните од селото Нови Санжари врз автобуси со Украинци евакуирани од Вухан, во кои се повредени девет полицајци и еден цивил.

„Постојано велиме дека Украина е Европа, но да бидам искрен, вчера, за жал, изгледавме како Европа во средниот век. Да не заборавиме дека сите сме луѓе, а тоа што се случи не може да се опише како човечко однесување“, рече Зеленски.

Тој им посака добро здравје на евакуираните сонародници и изрази надеж дека наскоро ќе бидат дома со своите семејства, пренесува Тас.

Премиерот на Украина Олексиј Хончарук, од друга страна, оцени дека „војната со информации“ придонела за ширење паника во земјата и за недоверба поради коронавирусот.

Говорејќи пред парламентот, тој посочи дека дезинформациите за коронавирусот се шират и од Украина и однадвор, но не образложи детали.

„Властите се обидуваат да го најдат изворот на лажни мејлови испратени од името на Министерството за здравство, во кои се тврди дека во земјата се потврдени случаи на коронавирус, иако досега немало ниту еден“, рече Хончарук.

Украинците што беа евакуирани од кинескиот град Вухан, жариште на епидемијата на коронавирусот, вчера во татковината ги дочека гневна толпа народ, кои ги кршеа прозорците на нивниот автобус, соопшти полицијата. 

Стравувајќи дека патниците ќе го донесат смртоносниот вирус во земјата, стотици луѓе – од кои некои вооружени со метални прачки и камења – протестираа против нивното враќање во Нови Санжари во централна Украина, покажуваат снимките објавени на украинската телевизија.

Демонстрантите се судрија со полицијата, палеа гуми и фрлаа камења врз конвојот автобуси што ги превезуваше евакуираните до санаториумот во Нови Санжари.

Повредени се девет полицајци и цивил.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе