Зеленски бара од Бајден да се повика Русија на одговорност за воени злосторства

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека разговарал со својот американски колега Џо Бајден и му се заблагодарил за „непоколебливата поддршка“.

EPA-EFE

Ден претходно Бајден најави нова воена помош од речиси три милијарди долари за Киев, вклучувајќи противвоздушни проектили, артилерија, одбрана од дронови и радарска опрема.

Новиот пакет е најголемата транша американска воена помош до сега, со што вкупниот износ кој Вашингтон му го испорачал или ветил на Киев вреди повеќе од 13 милијарди долари.

„Разговаравме за понатамошните чекори на Украина на нашиот пат кон победата над агресорот и важноста на повикувањето на Русија на одговорност за воени злосторства“, објави Зеленски на Твитер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе