Зеленски бара нови санкции за Русија, Кремљ го предупреди

Кремљ денеска го предупреди новиот украински претседател Володимир Зеленски, кој од САД побара нови економски санкции против Русија, дека така нема да се запре војната во југоисточниот дел на Украина.

„Таквата реторика нема да ѝ помогне на Украина да го реши проблемот во југоисточниот дел“, рече за новинарите портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, целејќи на сепаратистичките региони во Украина, каде што од почетокот на војната во пролетта 2014 година загинаа речиси 13.000 луѓе.

Зеленски вчера положи свечена заклетва по победата на украинските претседателски избори во април. Како главна задача го постави прекинот на конфликтот со проруските сепаратисти.

„Не можеме сами да ја победиме руската агресија“, изјави Зеленски на состанокот со американските претставници по повод свечената заклетва, додавајќи дека треба да се „заострат санкциите“, како што пренесе канцеларијата на претседателот. Делегацијата на САД беше предводена од министерот за енергија, Рик Пери.

Песков додаде дека само Украина може да го запре конфликтот во источниот дел на земјата, почитувајќи го мировниот договор потпишан во Минск во 2015 година под покровителство на Киев, Москва, Берлин и Париз.

Мировниот договор од Минск овозможи значително намалување на конфликтот во источниот дел на Украина, но поединечни инциденти и понатаму се редовни на линијата на фронтот. Политичкиот дел од договорот остана само на хартија, а спротивставените страни меѓусебно се обвинуваат за неговата неуспешна имплементација.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе