Здравствените и технолошките групи сакаат да создадат дигитален „пасош за вакцинираност“

Коалицијата, во која се и Мајкрософт и Оракл, вели дека системот може да им помогне на луѓето да им се вратат на патувањата, работата и образованието.

Фото: ЕПА

Здравствените и технолошките групи работат заедно за да создадат дигитален пасош за вакцинираност во очекување дека владите, авиокомпаниите и другите компании ќе бараат доказ дека луѓето биле вакцинирани против ковид-19. Иницијативата за потврда за вакцинираност, коалиција на организации, меѓу кои се и „Мајкрософт“, „Оракл“ и непрофитната здравствена непрофитна организација „Мајо“, има цел да воспостави стандарди за проверка дали некое лице се вакцинирало и да спречи луѓето лажно да тврдат дека се заштитени од оваа болест, објави Фајненшл тајмс. Коалицијата ја доразвива работата завршена од еден нејзин член, Проектот Комонс, за развој на меѓународно прифатен дигитален сертификат за да се докаже дека патниците се негативни на ковид-19. Пасошот развиен од непрофитната организација, основан со поддршка од Фондацијата Рокфелер, сега го користат сите три главни авиокомпаниски сојузи. Пол Мејер, извршен директор на Проектот Комонс, рече дека на досега вакцинираните луѓе честопати им се давало само ливче хартија, што потсетува на „старите жолти картони“. Соработувајќи со здравствени ИТ-компании, како што се „Епик“ и „Цернер“ во САД, новиот систем ќе може да црпи од електронските медицински досиеја за да создаде дигитална картичка. Г. Мејер рече дека коалицијата разговара со неколку влади што очекуваат во следните неколку месеци да ги утврдат условите за влез, од задолжителен негативен тест до „хибрид“, односно прифаќање или тестови или доказ за вакцинираност.

„Поединците ќе треба да подготват евиденција за вакцинираност за многу аспекти на враќањето во нормалниот живот“, додаде тој.

„Живееме во глобално поврзан свет. Во секој случај, живеевме - и се надеваме дека повторно ќе живееме.“ Секоја земја може да постави свои сопствени правила, како што се, на пример, кои вакцини ќе ги прифати. Системот ќе биде задолжен да ги обезбедува податоците, а поединците ќе ја чуваат својата евиденција во дигитален паричник или на хартиен кју ар-код, за да можат да контролираат со кого ги споделуваат.

Џоан Харви, претседателка во Евернорт, разгранокот за здравствени услуги на осигурителот Сигна, рече дека очекува некои компании, како организаторите на настани, да бараат доказ за вакцинираност од своите клиенти, универзитетите тоа да го бараат од студентите, а работодавците од работниците.

„Осигуруваме илјадници компании низ светот и очигледно тие се заинтересирани за ова... не само начинот на кој (ќе му се враќаат) на глобалното патување и ќе можат да си ја завршат работата, туку и да го сторат тоа на документиран начин, каде што податоците ги поседува корисникот“, додаде таа.

Како што се шират нови соеви на вирусот низ целиот свет, Проектот Комонс вели дека забележал значително зголемување на интересот.

„Многу земји или целосно ги затворија своите граници или сега воспоставија задолжителни тестирања за сите меѓународни патувања и сето тоа беше во последните три недели“, рече Мејер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе