Првпат од избивањето на епидемијата

Здраво младо момче умре од коронавирусот во Кина

Здрав млад маж и лице што живее на 2.500 километри од епицентарот на коронавирусот се меѓу последните жртви на епидемијата, која предизвика страв и гнев низ цела Кина.

Досега огромно мнозинство од жртвите на коронавирусот беа постари од 60 години и веќе беа премалени од други болести. Но во четвртокот од вирусот почина 36-годишен маж од Вухан, идентификуван само со презимето Ли.

Тој немал никакви хронични заболувања или други болести и бил третиран со антивирусни лекови и антибиотици откако бил примен во болница на 9 јануари.

Уште еден човек почина во Суихуа во провинцијата Хеилонџианг, во близина на границата со Русија и на околу 2.500 километри од Вухан.

Досега од вирусот починаа 26 луѓе, а за вкупно 8.420 е пријавено дека се под лекарски надзор.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе