Здравјето на чешкиот претседател Земан е малку подобрено

Здравствената состојба на чешкиот претседател Милош Земан е „малку подобрена", изјавија неговите лекари во петокот вечер.

Фото: ЕПА

„Има причини за внимателен оптимизам“, изјави портпаролката на воената болница во Прага, додавајќи дека 77-годишниот претседател ќе продолжи да биде лекуван од стручен тим.

Земан беше однесен на одделот за интензивна нега на 10 октомври.

Според изјавите на лекарите од болницата, тој бил хоспитализиран поради компликации на една од неговите хронични болести, но детали за дијагнозата не се познати.

Земан има клучна обврска да даде мандат за формирање влада по парламентарните избори на почетокот на октомври на кои либерално-конзервативните опозициски партии освоија мнозинство места во Претставничкиот дом, 108 од вкупно 200 места.

Одборот на чешкиот Сенат во вторникот го прогласи претседателот Земан за неспособен да ги извршува своите должности. Оваа одлука мора да биде потврдена од двата дома на чешкиот парламент, а претседателските должности потоа ќе преминат на премиерот и лидерите на домовите.

Премиерот Андреј Бабиш, поразен на парламентарните избори на 8 и 9 октомври, повика да се одложи овој потег. Тој би можел да се спроведе само на 8 ноември, кога новоизбраниот Долен дом на парламентот ќе се состане за прв пат.

Земан, наклонет кон Бабиш, еден од најбогатите Чеси, ден по изборите заврши во болница.

Опозицијата е составена од две коалиции, Заедно на десниот центар и либералниот сојуз на Пиратската партија и Партијата на градоначалникот, кои најавија дека сакаат заедно да формираат влада.

Чешката полиција во вторникот отвори истрага дали соработниците на Земан го прекршиле законот со тоа што не ја информирале јавноста дека претседателот не е способен за својата функцијата поради здравствени проблеми.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе