Истовремено одржан и антифашистички протест

Заврши усташката комеморација во Блајбург, апсења поради нацистички поздрав (ВИДЕО)

Во австрискиот град Блајбург беше одржана 74 комеморација на припадниците на усташките формации, кои беа убиени во тоа место во близина на словенечката граница веднаш по завршувањето на втората светска војна. Истовремено беше одржан и протест на антифашистите, кој мина без инцидент.

Комеморацијата ја организираше Почесниот блајбуршки вод, а покровител е хрватското собрание Саборот. Хрватските медиуми јавуваат дека на теренот имало голем број полицајци.

Австриската полиција забележала еден инцидент на комеморацијата, на која едно лице кренало рака и поздравило со нацистички поздрав, пренесува Н1, додавајќи дека уапсениот бил приведен и одведен во затворот во Клагенфурт.

Хрватски Индекс јавува дека на комеморацијата немало никој од „тројцата водечки луѓе во земјата“ бидејќи „(хрватската претседателка) Колинда (Грабар Китаровиќ) како и обично Блајбург го посетила пред неколку дена, завчера таму на споменикот на загинатите усташи се поклонил (претседателот на Саборот Гордан) Јандроковиќ, а (премиерот Андреј) Пленковиќ во Блајбург испратил претставник“.

Се потсетува дека минатиот викенд антифашистичките здруженија од Хрватска, Словенија, Австрија и Италија одржаа собир на градскиот плоштад во Блајбург на кој побараа од австриската влада да го забрани денешниот собир кој се „продава како собирање на почитувачи кои сакаат да им изразат почит на невино убиените по крајот на Втората светска војна“, а всушност е „лелекање по усташката парадржава“, квинслиншката Независна Држава Хрватска во Втората светска војна.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе