Заврши средбата на Вучиќ и Курти во Брисел, напредок нема (ВИДЕО)

Заврши средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Аљбин Курти во Брисел, а српската страна јави дека Курти одбил сè што било понудено.

Скриншот Инстаграм

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ кажа од Брисел дека делегацијата на Србија се бори за мир и дека српскиот претседател утре ќе ѝ се обрати на јавноста, по враќањето во Белград.

Тој истакна дека денес никој од српската делегација нема да се обраќа, како и дека Вучиќ останува во Брисел уште некое време.

Српските медиуми јавуваат дека во разговорите нема напредок по ниедно прашање, бидејќи косовскиот премиер одбил секаков компромис.

Во Брисел заврши втората рунда од трилатералните разговори на претставниците на Европската Унија со српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти.

Претходно, одвоено, во два наврати, шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел и специјалниот претставник на Унијата за дијалогот Мирослав Лајчак разговараа со Курти и Вучиќ.

Медиумите јавуваат дека во зградата на Европската служба за надворешни работи во Брисел бил и специјалниот претставник на САД за Западниот Балкан Габриел Ескобар.

„Почеток на разговорите за суштинските проблеми на Косово и Метохија. Се надевам на какво-такво решение, иако во тоа воопшто не верувам“, напиша претходно Вучиќ на Инстаграм.

Легенда под Главна слика

Скриншот Инстаграм

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе