Заврши пребројувањето на гласовите во Истанбул, опозицијата очекува победа

Пребројувањето на гласовите на локалните избори во Истанбул заврши, а главниот опозициски кандидат кажа дека очекува да биде поставен за градоначалник и покрај жалбите на партијата на турскиот претседател Тип Реџеп Ердоган дека би морало да се повтори гласањето во најголемиот турски град.

Првичните резултати од локалните избори одржани на 31 март покажуваат тесна победа на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) во Истанбул, турскиот финансиски центар, со што завршува 25-годишното владеење на Ердогановата Партија на правдата и развојот (АКП) и неговите исламистички претходници.

Губењето е особено тешко за Ердоган, кој во 1990-тите ја почна својата политичка кариера како градоначалник на Истанбул.

Во вторникот, по 16 дена жалби и пребројувања, АКП побара од високата изборна комисија да ги поништи и повтори изборите во Истанбул поради изборни неправилности. Нивните националистички сојузници МХП слично барање изнесоа денес.

АКП побара од изборната комисија да го спречат кандидатот на ЦХП Екрем Имамоглу да го преземе мандатот сѐ додека не биде решена нивната жалба.

Имамоглу кажа, имајќи предвид дека пребројувањето на гласовите во целиот град заврши денес, дека ќе почне да работи како градоначалник, дури и ако изборната комисија не му го даде официјално мандатот. Според него, АКП се обидува да изврши притисок врз комисијата при донесувањето на одлуките.

„Веднаш штом податоците ќе бидат готови, ја прифаќаме својата должност, тоа е законот“, им изјави Имамоглу на новинарите во Истанбул.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе