Заврши драмата во зградата на украинската влада, мажот кој се закануваше дека ќе активира бомба е уапсен (ВИДЕО)

Мажот кој се закануваше дека ќе активира бомба во зградата на украинската влада е уапсен.

EPA-EFE

Тој претходно кажа дека зградата е заземена, а дека тој самиот од зградата нема да излезе жив, пренесуваат украинските медиуми.

Полицијата на Киев потврдила дека била примена дојава за закана со бомба и дека полицијата веднаш заминала на местото на настанот.

Полицијата преговарала со напаѓачот, а кај зградата на украинската влада биле распоредени и специјалци.

Сообраќајот во околните улици бил блокиран.

Мажот не поставил никакви барања, а медиумите јавуваат дека тој порано се борел во Донбас и дека биле деминер во батаљонот доброволци Ајдар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе