Американскиот и севернокорејскиот претседател

Завршен историскиот состанок: Светот ќе присуствува на голема промена, Ким е добредојден во САД (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун потпишаа заеднички документ во Сингапур, по што Трамп рече дека процесот на денуклеаризација на Северна Кореја ќе почне „многу, многу брзо“. Ким, исто така, го поздрави новиот почеток во односите меѓу двете земји.

„Денес имавме историски состанок и решивме да го оставиме минатото зад себе“, рече Ким и му се заблагодари на американскиот претседател што ја овозможил средбата, објави Франс прес.

„Светот ќе биде сведок на големи промени“, рече тој.

Трамп рече дека е спремен да го повика севернокорејскиот лидер во Белата куќа. На прашање од новинар за можната покана за Ким во Вашингтон, Трамп одговори дека е „апсолутно“ спремен да го покани.

„Ќе се среќаваме многу често“, рече Трамп и додаде дека воспоставил посебни односи со својот соговорник.

Трамп рече дека Ким е многу вреден и паметен преговарач за својот народ.

Тој додаде дека Ким е „многу талентиран човек“ и дека „многу ја сака својата земја“.

Американскиот претседател рече дека тие двајца имале „сјаен ден“ и дека „научиле многу за себе и за своите земји“.

Севернокорејскиот лидер го напушти мал остров кај Сингапур, каде што се состана со Трамп. Конвојот на неговите возила се одвезе до островот Сентоса по потпишувањето на документот и 40-минутната средба во четири очи, а потоа и работниот ручек со проширени делегации.

Но освен куртоазни зборови и убеденост во продуктивноста на разговорот, нема многу детали за содржината на состаноците.

Состанокот почна во девет часот по локално, односно во три по средноевропско време.

По завршувањето на официјално објавената програма, Трамп рече дека средбата поминала одлично и дека е постигнат голем напредок, повеќе отколку што се очекувало. По завршувањето на работниот ручек, тој го повика Ким Џонг Ун да потпишат нешто, но сè уште не е познато што, пишува Ројтерс.

„Имавме фантастичен состанок, подобар отколку што некој можеше да очекува. Сега одиме да го потпишеме договорот, ќе слушнете повеќе детали подоцна“, рече Трамп.

Ким не даде изјава. Медиумите известуваат дека Трамп сепак добил повеќе медиумско внимание, како што се гледа по неговото однесување, иако администрацијата на Ким Џонг Ун се обидела да има барем еднаков третман.

Во почетокот на состанокот на двајцата претседатели со своите советници, Ким рече дека е јасно дека пред нив не стои лесен пат.

„Се разбира дека има предизвици, но јас сум спремен да го направам ова“, му рекол Ким на Трамп во почетокот на состанокот. „Многумина ќе го гледаат ова како еден вид фантазија... како научнофантастичните филмови“, додал Ким.

Состанокот на двајцата претседатели почна на договорено место пред еден куп фотографи. Потоа следуваа ракување и позирање за фоторепортерите. Сепак, новинарите забележаа дека овој пат отсуствуваше прекумерното ракување на Трамп. Сè помина со, како што пренесоа светските медиуми, блага насмевка.

„Мило ми е што Ве гледам, господине претседателе", рече Ким кога американскиот претседател му покажа кренат палец, а Трамп рече дека е сигурен дека нивниот однос ќе биде „сјаен“.

Белата куќа наведе дека состанокот во четири очи меѓу Трамп и Ким траел 38 минути.

Ако се земе предвид времето потребно за превод, тоа е доста кратко, проценува Би-би-си.

Пред да замине на ручек, Трамп накратко им дофрли на фоторепортерите дека се надева дека на фотографиите сите ќе излезат „убави, згодни, слаби и совршени“.

По работниот ручек, Ким беше во друштво на својата сестра.

Трамп стана првиот актуелен лидер на САД што се состанал со водачот на Северна Кореја. Ракувањето на двајцата претседатели го смени текот на историјата, проценува Би-би-си.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе