Целосна блокада на енклавата

Затворена единствената електрична централа во Појасот Газа, нема дизел од Израел

Единствената електрична централа во Појасот Газа е денес затворена поради недостиг од гориво, соопшти портпаролот на електричната компанија, на петтиот ден од почетокот на целосната израелска блокадата на палестинската енклава.

EPA-EFE

Централата работи кога од Израел ќе се испорача дизел, а граничниот премин беше затворен на почетокот на оваа недела.

Израелските власти очекуваа одмазда поради апсењето на еден од лидерите на Исламски џихад на другата палестинска територија, Западниот брег, и затоа преземаа мерки на претпазливост, а во петокот беше спроведен „превентивен напад“ против екстремистичката организација која добро е зацврстена во Појасот Газа.

Израелската војска тврди дека во нападот се убиени 15 милитанти на Исламски џихад, додека властите во Појасот Газа наведуваат дека загинале најмалку 12 луѓе, вклучувајќи петгодишно девојче и дека 80 се ранети.

Исламски џихад одговори со баражен ракетен оган во правец на Израел и насилствата продолжија денес.

Со наредбата за затворање на граничниот премин во вторникот израелските власти ја спречија испораката на дизелот неопходен за централата и примораа илјадници жители на Газа кои имаат дозволи за работа во Израел да останат дома.

Електричната централа утринава предупреди дека прекинувањето на работата „ќе влијае на сите јавни служби и клучната инфраструктура, и ќе ја влоши хуманитарната ситуација“.

Затоа апелираше на итна интервенција за да се овозможи испорака на горивото.

Во Појасот Газа живеат 2,3 милиони жители кои често остануваат без струја.

Појасот Газа со кој владее Хамас е под блокада на Израел од 2007 година, кога исламистичката екстремистичка организација на сила ја презема контролата од силите на ривалскиот поумерен Фатах.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе